More

    Легендарниот актер Ал Пачино поминува време со поранешната Беверли Д’Анџело додека чека дете со девојката Нур Алфалах

    spot_img

    Легендарниот актер Ал Пачино (83) поминува време со поранешната Беверли Д’Анџело додека чека дете со девојката Нур Алфалах (29).

    Актерот најпознат по улогата во „Scarface“ им се придружи на Д’Анџело и нивните деца, близнаците Антон и Оливија (22), на неделното семејно патување во „соба за бегство“ во Лос Анџелес.

    Во еден момент, поранешните партнери – кои никогаш не биле во брак – биле фотографирани заедно надвор како разговараат, пишува порталот „Пејџ сикс“.

    Пачино и Д’Анџело (71) останаа блиски пријатели од нивната разделба во 2004 година. Повторното обединување на парот доаѓа неколку недели откако Пачино потврди дека го чека четвртото дете со Нур Алфалах.

    Пачино ја има и ќерката Џули (33) која ја доби со Џејн Тарант.

    Ѕвездата на „Кум“ минатата недела го прекина молкот за бременоста преку видео кое го доби „Дејли мејл“.

    – Тоа е многу посебно – рече тој.

    – Секогаш беше така. Имам многу деца. Но, ова е навистина посебно пристигнување во овој момент – истакна тој.

    Тогаш Пачино изјави дека не знае дали тој и Алфалах, која наводно е во осмиот месец од бременоста, ќе добијат момче или девојче.

    Во меѓувреме, Д’Анџело неодамна сподели некои од деталите за својата врска со Пачино, за која откри дека започнала како „средба на двајца уметници“ пред 27 години.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img