Легендарната американска скијачка Линдзи Вон на 40 години доби ново колено претходно оваа година и сега сака да се врати на теренот. Таа објави дека тренира за да се врати на конкурентното алпско скијање. Вон вели дека конечно се чувствува здрава, пет години откако се пензионирала.
– Па, заминуваме за Колорадо… Се надевам дека униформата на (скијачкиот тим на САД) сè уште одговара – изјави спортистката во четвртокот преку Инстаграм.
Веста за камбек кандидатурата на Вон доаѓа 20 години откако таа победи на својата прва трка за Светскиот куп.
– Враќањето на скијањето без болка беше неверојатно патување – рече Вон во соопштението од Ски и сноуборд на САД.
– Со нетрпение очекувам да се вратам со американскиот скијачки тим Штифел и да продолжам да го споделувам моето знаење за спортот со овие неверојатни жени – додава некогапната рекордерка во спуст , супер-џи, велеслалом, слалом…
Вон е една од најодликуваните скијачки на сите времиња и сè уште држи голем број рекорди, вклучувајќи ги и повеќето победи во Светскиот куп од жена или маж во спуст и супер-Џи. Зад нејзините 82 победи на Светскиот куп заостануваат само Американката Микаела Шифрин и Ингемар Стенмарк од Шведска.
Таа и Шифрин се во елитниот клуб на женски скијачки кои ги освоија настаните од Светскиот куп во сите пет дисциплини: спуст, супер-Џи, велеслалом, слалом и во комбинирана дисциплина.
Женската сезона за Светскиот куп во алпски 2024-2025 започна на 26 октомври и ќе заврши во март 2025 година.
Брзината на Вон ѝ донесе најмалку девет операции во кариерата. Во најновата операција таа замени коски од коленото со парчиња титаниум.
– Со ова ново колено кое сега е дел од мене…Чувствувам дека пред моите очи се расплетува сосема ново поглавје од мојот живот – рече таа минатиот месец на Инстаграм.
Еден од многуте куриозитети од нејзината кариера е и фактот дека таа во 2012 година побара да ѝ биде дозволено да се трка со мажи. Меѓународната скијачка федерација го одби барањето.
Недели подоцна, таа скијаше со 136 километри на час на тренинзи во спуст во Лејк Луиз во Канада. Тоа беше брзина што не можеше ниту да се спореди со брзината на машките скијачи на настанот.