Лефков: Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има, порача Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

– Чистиот како солза Груби, кој прво се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал во „Лотарија“ ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД, а пред отпочнување на кривичната постапка против него. Дали е чист како солза или матен нека си докаже пред суд, ако има храброст да се соочи со доказите. 8 милиони евра е криминалот во АД „Лотарија на Македонија“ во кој главни актери се Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на „Лотарија“. И Груби и Бајрами се кадар на ДУИ, кои додека ја краделе државата по потреба еднаш беа зелени, па европејци, па сееја раздор за етнички тензии. Во принцип само менуваа маски за да крадат – рече Лефков.

Пукна како меур од сапуница наративот на ДУИ дека се борат за зелени агенди или за ЕУ. Тие се бореле и се борат за да прават криминал и да ги ограбуваат граѓаните, соучесници во тој криминал им беа СДСМ, додаде Лефков.

– Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби, ДУИ и СДСМ мора да има – рече тој.

Share This Article