Лефков апелира пратениците да гласаат за измените на Законот за стокови резерви

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повторно ги поднесе измените на Законот за стокови резерви со кои се предвидува и оризот да се стави на листата на производи за создавање стокови резерви.

Пратеникот од оваа партија Миле Лефков рече дека овој пат за законот се предвидува скратена постапка и тој е на дневен ред на 74-та седница на Собранието.
– Со измените на Законот за стокови резерви кои ги поднесовме, се предлага оризот да добие третман на производ од посебно значење и да стане дел од производите кои ги сочинуваат стоковните резерви.Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот – појасни Лефков.

Време е, рече тој, да престане неодговорниот однос на министерот Љупчо Николовски и на Владата на Ковачевски, кои што ги доведоа оризопроизводителите во катастрофалната состојба и поради тоа е неопходна брза и решителна акција на Собранието.

Тој им порача на пратениците од владеачката коалиција да ги тргнат настрана партиските игри и да дадат поддршка на законските измени и да ги помогнат оризопроизводителите.

Share This Article