Пејачката Леди Гага ќе ја глуми Харли Квин во долгоочекуваното продолжение на Џокер, „Joker: Folie à Deux“, а една сцена од снимањето на филмот целосно ги раздрма обожавателите.
Во еден момент Леди Гага, односно Харли Квин поминува покрај жена која се наоѓа во толпата, која и вика: „Ќе одиш во пеколот!“. Леди Гага потоа се врати, ја фаќа со рацете за главата и ја бакнува.
„Сега двете ќе одиме во пеколот“, ѝ вели Гага.
Видеото од сетот набрзо стана вирално, а обожавателите не престануваат да го коментираат моментот на бакнежот.
„Кажете ми дека оваа жена едноставно мирно ќе продолжи со својот живот откако ја бакне Леди Гага?“ напишал еден обожавател, додека друг додал: „Ја видов оваа сцена со свои очи, тоа е крај за мене, момци“.
„Знае ли оваа жена колку има среќа, Леди Гага ја бакна“, напиша трет.
Гага ќе глуми заедно со оскаровецот Хоакин Феникс во вториот дел од „Џокер“.
ФОТО: Твитер