More

    Леди Гага ја прозва Москва – Русите беа и останаа глупави

    spot_img

    На социјалната мрежа Твитер кружи снимка која наводно била снимена во текот на џез-настапот на Леди Гага во Лас Вегас, во која пејачката ѝ се обраќа на официјална Москва, со прашањето зошто не ја уапсиле кога имале прилика, алудирајќи на концертот што го одржала во 2012 година во руската престолнина.

    Меѓутоа, тоа не е сè. Додека седнува на клавирот и ја започнува приказната за Русија и Владимир Путин, Леди Гага ѝ вели на публиката: „Русите беа и останаа глупави“. Потоа продолжува: „Требаше да ме уапсат кога имаа шанса“, по што се слушаат врисоци и аплаудирање на присутните.

     

    Под видеото од Вегас, на Твитер се појави и исечок од концертот во Москва, на кој Леди Гага алудирала, а кој се одржал во 2012 година, како дел од нејзината турнеја „Born This Way“. Тогаш во план бил контроверзен руски закон со кој се забранува „промоција на хомосексуалноста“, поради што пејачката била предупредена дека, како личност која ја поддржува ЛГБТ заедницата, може да биде уапсена.

    Всушност, албумот на Гага, по кој турнејата го добила името „Born This Way“, е посветен токму на ЛГБТ заедницата, а насловната песна ги содржи стиховите: „Не е важно дали си геј, лезбијка, транс, бидејќи така си роден“.

    Во текот на нејзиниот настап во Москва, Гага ѝ се обратила на публиката, притоа предизвикувајќи ги руските власти да ја уапсат.

    „Кога требаше да тргнам за Москва, ми рекоа дека може да ме уапсат. Уапсете ме! Не ми е гајле. Москва, дали ќе се согласиш да ме уапсат заради слободата?“, им се обратила Гага на посетителите на концертот.

    „Се викам Леди Гага, имам 26 години и доаѓам од Њујорк. Верувам дека мажите и жените заслужуваат да се сакаат едни со други подеднакво. Уапси ме, Русијо, не ми е гајле“, додала таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img