More

    „Ледениот Армагедон“ доаѓа во Европа: „Ни претстои колапс, ќе врне снег со часови“

    spot_img

    Во четврток во Велика Британија ќе се спуштат снежни бури, а прогнозите велат дека низ Англија би можеле да наврнат 38 сантиметри снег, пишува Дејли Мејл.

    Националниот хидрометеоролошки институт на Англија најавува дека во следните два дена ќе падне силен снег кој ќе го наруши патниот и авиосообраќајот, а можно е и некои рурални области да останат без електрична енергија поради невремето. Исто така, можно е во тие области да не можете да пристапите на Интернет преку мобилен телефон.

    Во четврток централна и северна Енгелска би можеле да поминат најлошо. Британските метеоролози предвидуваат дека силните ветрови ќе донесат снежни виулици и повеќе од 38 сантиметри снег во областа од Стоук-он-Трент во средината на земјата до Дурам на североисток, пренесува Јутарњи лист.

    Скај њуз пишува дека метеоролозите предвидуваат дека во Јоркшир на северот на Англија снег би можел да паѓа 31 час по ред.

    Метеоролозите велат и дека снежна покривка ќе го покрие поголемиот дел од Англија меѓу среда и петок, а гореспоменатите тешки временски услови ќе се случат во четврток околу 15 часот.

    Температурата измерена во вторник навечер беше најниска годинава, а во наредните четири дена повторно ќе се спушти под нулата. Живата во термометрите во селото Кинбрејс на северот на Шкотска таа вечер покажа -15,4 °C. Тоа е најниската мартовска температура што е измерена на тоа место од 2010 година. Англискиот автоклуб им порача на возачите од истокот и западот на земјата да не тргнуваат на пат доколку не мораат.

    Веста за снежна бура која ќе погоди поголем дел од Британија во наредните денови доаѓа откако во средата јужниот дел на Англија забележа температура од 15,4 степени Целзиусови под нулата. Поради ниските температури откажани се десетици летови. Споменатиот минус е најниската температура што е измерена на југот на Англија годинава. Ниските температури и снежните наноси доведоа до привремено затворање на аеродромот во Бристол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img