Многу вкусен леб со путер, идеален за сендвичи.
Состојки:
– 400 гр брашно тип 500
– 1 дл маслиново масло
– 2 dl вода
– 1 дл јогурт
– 2 лажички сол
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажичка брашно тип 500
– половина коцка свеж квасец
За обложување:
– околу 60 гр омекнат путер
– 1 лажица крупна сол
Подготовка:
Во малку топла вода измешајте ги квасецот, шеќерот и малку брашно. Почекајте додека не почне да расте.
Во меѓувреме измешајте ги другите состојки, па соединете сè заедно со квасецот. Добро направете го тестото и оставете го на топло место да нарасне.
На работната површина посипете малку брашно, а потоа истресете го добиеното тесто. Само притиснете го со рацете и развлечете го за да добиете правоаголник од околу 25 x 35 cm.
Намачкајте го со омекнат путер, посипете со крупна сол и по желба ставете ги исечените парчиња во тавче кое исто така сте го намачкале со путер. Проценете сами колку парчиња е погодно да се исечат.
Сега треба да внимавате при редење да го намачкате путерот од другата страна која се уште не е премачкана.
На крај сè посипете со крупна сол, покријте со фолија и оставете околу 20 минути да стаса
Се пече на 190 степени околу 35 минути.
Пријатно!