More

    Ле Пен нема да соработува со Берние, а Меланшон најави протести

    spot_img

    Лидерите на екстремно левичарските и екстремно десничарските партии во Франција соопштија дека нема да ја поддржат новата Влада. Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон го назначи поранешниот еврокомесар Мишел Барние за нов премиер.

    Лидерот на француската левичарска партија „Франција непокорна“, Жан-Лук Меланшон, рече дека на народот во неговата земја му се „украдени изборите“ и повика на „најголема можна мобилизација“ и протести на 7 септември против изборот на Барние за премиер, јавуваат француските медиуми. Партијата на Меланшон е дел од левичарската коалиција „Нов народен фронт“, која освои најмногу гласови на изборите.

    – Претседателот штотуку одлучи официјално да ги демантира резултатите од парламентарните избори кои тој самиот ги распиша. Премиерот не беше избран од редовите на „Новиот народен фронт“, кој освои најмногу изборни гласови – рече Меланшон.

    Во исто време, лидерката на партијата „Национален митинг“, Марин Ле Пен соопшти дека нејзината партија нема да биде дел од новата влада на Барние.

    Таа додаде дека ќе почекаат да видат каква ќе биде генералната политика на Барние во однос на компромисите кои ќе бидат неопходни кога станува збор за буџетот. Новоименуваниот премиер Барние, историскиот „тенор“ на десницата, има долгогодишно политичко искуство: четири пати беше министер и два пати еврокомесар, а најпознат е како поранешен преговарач на ЕУ за Брегзит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img