More

    Лажните слики со гласачи Афроамериканци станаа хит во САД

    spot_img

    Жесток поддржувач на Доналд Трамп со прекар „Шаги“ од Мичиген на социјалните мрежи објавил лажна фотографија од Трамп со Афроамериканци која била прегледана 1,3 милион пати, дознава Би-Би-Си. Целта била да се придобијат гласачите Афроамериканци кои му требаат на Трамп да победи на претседателските избори во САД.

    „Моите објави привлекоа илјадници прекрасни христијански следбеници со добро срце“, се вели во пораката на Шаги до Би-Би-Си.

    Гласовите на Афроамериканците беа клучни за победата на Трамп во 2020 година.  Фотографиите биле создадени со вештачка интелигенција и изгледаат прилично реалистично.

    Марк Кеј, гласач и поддржувач на Трамп кој има своја радио-емисија за Би-Би-Си признал дека направил фотка на која  Трамп се гушка со неколку Афроамерикаки.

    На почетокот изгледа реално, но со поблиска проверка, кожата на сите луѓе на сликата е премногу сјајна, а прстите изгледаат чудно, што покажува дека сликата е создадена од вештачка интелигенција.

    – Јас не сум фоторепортер. Не сум таму за да фотографирам што навистина се случува. Јас сум раскажувач – вели Кеј од неговото радио студио.

    Тој објави статија за црните гласачи кои го поддржуваат Трамп и ја прикачи оваа слика, оставајќи впечаток дека сите овие луѓе ја поддржуваат новата трка на поранешниот претседател за Белата куќа. Според коментарите на Фејсбук, некои корисници се чини дека веруваат дека сликата е вистинска.

    – Не тврдам дека е автентичнa. Не велам: „Еј, види, Доналд Трамп беше на оваа забава со сите овие афроамерикански гласачи. Погледнете колку го сакаат! – рече Кеј, додавајќи:

    – Ако, доколку некој гласа врз основа на една фотографија што ја видел на Фејсбук, тоа е проблем на личноста, а не на самата објава.

    Од друга страна, Ко-основачот на Black Voters Matter, група која ги охрабрува црнците да гласаат, рече дека манипулираните слики поттикнале стратешки наратив дизајниран да го прикаже Трамп како популарен во црнечката заедница. Креаторот на една од сликите изјави за Би-Би-Си: „Не тврдам дека е автентична“.

    Сепак, нема докази кои директно ги поврзуваат овие слики со официјалната кампања на Трамп.

    Копјата за гласовите на младите Афроамериканци ќе се вкрстат во Џорџија каде дури и мал дел од нивните гласови можат да бидат одлучувачки. Анкети на „Њујорк Тајмс“ и на Колеџот Сиена неодамна покажаа дека довербата за Бајден кај Афроамериканците во шест клучни држави драстично опаднала – од 92 на 71 отсто.

    Се смета дека поголема е шансата мажите Афроамериканци да го дадат својот глас за Трамп, отколку жените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img