Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (две основни училишта и 14 средни училишта), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информира Министерството за внатрешни работи.

„Веднаш по добиените пријави, појаснуваат од МВР, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.

„Безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните“, констатираше Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница на состанокот што се одржа денеска по честите дојави за бомби во државава. Поради честите дојави за бомби во изминатиот период, денеска состанок одржа Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, кој донесе одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани“.

Share This Article