More

    Лажна монтирана фотографија ги запали социјалните мрежи

    spot_img

    Минатиот месец на Телеграм почна да се споделува фотографија од руски пасош со фотографија на Зеленски кога бил млад. Шпекулациите дека претседателот на Украина Володимир Зеленски е всушност Русин, што ја доведува во прашање неговата подобност да биде претседател на Украина, Би-Би-Си ги означи за лажни откако медиумот спроведе сопствена истрагата во врска со ова.

     

    Би-Би-Си ја анализираше сликата и откри во што се состои измамата. Имено, се работи за стара фотографија која може да се најде на една веб-страница на руски јазик во написот за „љубовната приказна“ на Зеленски и неговата сопруга. Фотографијата всушност била обработена во програма за обработка на фотографии за да изгледа како фотографија од пасош.

     

     

    Истражувачкиот новинар Макс Бернхард пронашол дополнителни докази дека се работи за лажен пасош. Тој откри дека датумот на издавање не соодветствува со другите податоци во пасошот, а се чини дека е направен со помош на софтвер кој генерира лажни руски пасоши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img