More

    Лажен бил прогласот за вонредната состојба во Белгород

    spot_img

    Вонредната состојба која пред некој ден ја прогласи рускиот претседател Владимир Путин во три погранични региони била длабоко лажно или дипфејк видео во кое бил хакиран неговиот глас, пишува Њузвик. Објавата воедно била емитувана и на повеќе радија во регионите. Ова е веројатно прво користење на вештачки генериран глас во војната во Украина кое успеа да пројде во јавноста.

    Хакерите успеале во својата цел. Секако, брзото споделување на социјалните мрежи го направи својот дел во приказната. Според руското Радио Мир, луѓето во пограничните градови Белгород, Воронеж и во Ростов речиси 40 минути во паника пробале да најдат засолниште.

    Тие тргнале внатре кон Русија бегајќи од украинските напади со дронови кои зачестија во последниот период.

    Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ подоцна се обрати во јавноста за да каже дека соопштението е дело на хакери.

    – Дефинитивно немаше (жалба). Вистина е, имаше хакирање во некои региони. Конкретно, знам дека имаше хакирање на Радио Мир и на некои мрежи. Сега сето ова е веќе елиминирано, ставено под контрола – изјави Песков за Тасс.

    Дури и Киев Пост ја нарече пораката „длабоко лажна“, а која имала за цел „да сее паника меѓу мирните жители на Белгород“.

     

    Не е првпат, ама првпат е да предизвика паника

    Хана Љубакова, белоруска новинарка и соработничка во Атлантскиот совет, сподели снимка од ТВ пренос што го покажа длабоко лажното видео.

    Видеото го поттикна Арсени Кахалин, научник кој често пишува за вештачката интелигенција (ВИ) да твитне дека ова хакирање е можеби „првата вооружена употреба на длабоки фејкови во една вистинска војна“.

    Во јавноста се подзаборави дека во првите денови на војната, руски хакери успеаја да направат дипфејк видео од украинскиот претседател Володимир Зеленски кој, наводно, им вели на своите војници да го остават оружјето и да се предадат на Русија.

    Што велат експертите за длабоко лажните снимки?

    За британскиот полковник Филип Инграм, кој е поранешен разузнавач на НАТО сето ова не е изненадување, туку „очекувано оружје“. Тој за Политико вели дека дипфејковите можат да бидат многу убедливи и дека тие ќе станат „новото нормално“.

    Хани Фарид, професор на Универзитетот Беркли во Калифорнија потсетува дека „пред неколку недели лажната фотографија од бомбардирањето на Пентагон беше вирална на Твитер“.

     

    Ова значи дека Путин веќе не контролира ништо

    Длабоко лажните видеа пак, на руска почва, можеби наговестуваат дека има внатрешни борби против Путин во земјата. На вакво мнение е Џејсон Џеј Смарт, советник за постсоветска и меѓународна политика.

    – Длабоко лажните видеа на Путин се показател дека сега во Русија се случува партизанска војна. Ситуацијата е надвор од контрола: Путин повеќе не ја контролира територијата на Русија, не ги контролира домашните околности, па дури ни она што се појавува на телевизија – вели тој за Њузвик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img