Тројца интернационалци и 20 ракометари од домашното првенство се најдоа на списокот што селекторот Кирил Лазаров го објави денеска за настап на претстојното Светско првенство во Полска и Шведска.
Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари, а првиот собир на македонската репрезентација е закажан за 20 декември во Скопје.
Македонските ракометари ќе играат во групата Ф против Норвешка, Холандија и Аргентина.
Премиерниот натпревар на Светското првенство избраниците на Лазаров ќе го одиграат на 13 јануари против Норвешка, по што следуваат преостанатите два дуели од групната фаза против Холандија (15 јануари) и Аргентина (17 јануари).
Повикани ракометари: Марио Кизиќ (Еурофарм Пелистер), Мартин Томовски (Вардар 1961), Никола Митревски (Порто), Гоце Георгиевски (Вардар 1961), Александар Петковски (Алкалоид), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Дејан Манасков (Вардар 1961), Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Цветан Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Костадин Петров (Акуреури), Никола Маркоски (Алкалоид), Марко Стојковиќ (Алкалоид),Филип Талески (Вардар 1961), Филип Кузмановски (Хановер), Павле Атанасијвиќ (Еурофарм Пелистер), Иван Џонов (Пролет), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Томислав Јагуриноски (Пролет), Мартин Серафимов (Алкалоид), Давид Савревски (Вардар 1961), Едвин Омерагиќ (Алкалоид), Михајло Младеновиќ (Алкалоид).