Лазаров повика да се соберат пари за операција на Зоки Фаци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци води повеќемесечна борба со ракот. Неговиот колега, Стефан Лазаров, со кого водат поткаст и снимаат реклами, ги повика граѓаните да донираат за операција која би можела да му го спаси животот на Зоки. Потребни се 15.000 евра.

„Здраво на сите. Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја. Зоки има 25 cm тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира.

Затоа мои добри луѓе, ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее, да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција.

На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15.000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“, напиша Лазарав во објвата на Фејсбук.

Share This Article