More

    Лазаров и Миркуловски се збогуваат со „црвено-жолтиот“ дрес

    spot_img

    Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров и еден од најдобрите централни бекови Филип Миркуловски, вечер ќе ги имаат своите последни репрезентативни настапи. Двајцата ќе бидат дел од македонската селекција која ќе го игра реваншот со Чешка во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2023.

    На првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24, иако во почетните минути од второто полувреме македонските ракометари имаа седум голови предност.

    Лазаров кој ја извршува и селекторската функција посакува било каква победа и остварување на целта – задржување на континуитетот на учества на големите натпреварувања.

    – Верувам дека со помош на седум илјади наши навивачи кои ќе ни бидат ветер во грбот, а не психолошки притисок, ќе ја победиме Чешка. Најважно е да победиме без разлика дали тоа ќе биде со еден, два или повеќе голови. На нивни терен покажавме дека имаме квалитет. Знам и дека за реваншот Чесите ќе се подготват добро и дека нема да биде воопшто лесно. Ние имаме добар резултат, позитивен, никогаш сме немале ваков во еден бараж натпревар, изјави Лазаров.

    Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 19 часот. Сите билети се распродадени па се очекува огромна поддршка од трибините за македонските ракометари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img