Русија ја отфрла идејата за продолжување на мировните преговори со Украина и го обвини Киев дека „не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе“.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека мировните преговори претходно „докажале дека Украина нема желба искрено да преговара“.
– Тие едноставно не се способни да артикулираат ништо што заслужува сериозно внимание на сериозни луѓе. Преговорите за мир во оваа ситуација немаат никаква смисла – наведе Лавров.
Тој додаде дека мировни преговори помеѓу Русија и Украина последен пат се одржани пред неколку месеци, но целосно се прекинати во април.