Западот објави „тотална војна“ против Русија со својот најнов бараж санкции, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Целите не се кријат, јавно се соопштуваат – да се уништи, опустоши, руинира, задуши руската економија и Русија како целина – рече тој за време на состанокот со претставници на фондација за дипломатија, пренесува ТАСС.
Тој истакна дека „тотална војна“ е фраза што ја користела нацистичка Германија додека се обидувала да освои голем дел од Европа.
Не е јасно на кој западен политичар, ако има таков, Лавров му ја припиша фразата, посочува германската агенција ДПА.