Лавров рече дека војната во Украина на ја поскапела храната

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при посетата на Африка зборуваше за глобалното поскапување на храната, за што ги обвини САД и Европската унија.

Зборувајќи пред африканските дипломати во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, Лавров кризата со храна ја нарече „таканаречена“. Тој ја даде изјавата по посетата на неколку африкански земји најпогодени од недостигот на храна.

Многу африкански земји се зависни од увоз на жито од Русија и Украина. Поради тоа неколку африкански лидери ја посетија Москва пред неколку недели и изразија загриженост за недостигот на житарки.

Од почетокот на рускиот напад врз Украина, црноморските пристаништа на земјата се блокирани, што го оневозможи извозот на жито. Лавров минатата недела рече дека неодамна потпишаниот договор за ставање крај на блокадата за да се овозможи безбеден извоз на тони блокирана пченица од Украина „можеше да биде потпишан одамна, ако не беше западната тврдоглавост“.

Тој ги обвини САД и ЕУ дека се виновни за порастот на цените на храната поради „бесмислените“ зелени политики и трупањето резерви на храна за време на пандемијата на ковид-19.

– Ситуацијата во Украина негативно се одрази на пазарите на храна, но не поради руската специјална операција, туку поради неадекватната реакција на Западот, кој воведе санкции против Русија – рече шефот на руската дипломатија.

Западните земји постојано истакнуваат дека храната е изземена од сите санкции против Русија и ја обвинија Москва дека е виновна за глобалната прехранбена криза.

Share This Article