Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк, каде ќе учествува на седниците на Советот за безбедност на ОН на 24 и 25 април, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Сергеј Лавров пристигна во Њујорк.
Над 700.000 луѓе го следеа летот на Лавров“
Захарова објави дека повеќе од 700.000 луѓе го следеле летот на Лавров до САД користејќи Flightradar. Се очекува Лавров денеска да се сретне со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Претходно, постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја изјави дека Русија има многу теми за разговор.
Лавров ги покани највисоките дипломати од неколку земји, вклучувајќи го и американскиот државен секретар Антони Блинкен, да учествуваат на седниците на Советот за безбедност на ОН со кои претседава Русија.
Но, не е сигурно дали Лавров и Блинкен ќе се сретнат во ОН. Лавров тврди дека Москва е подготвена да размисли за средба со Блинкен и не отфрла сериозни предлози од американската страна за дијалог. Пред пристигнувањето на руската делегација во Њујорк, заменик рускиот министер Сергеј Рјабков изјави дека се уште нема планови за таква средба, пишува ТАСС.