Лавров предупредува за можен нов конфликт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска предупреди дека сите дејствија што ќе се сметаат за загрозување на рускиот мировен контингент во молдавската област Приднестровје, ќе се сметаат за напад врз Русија.

Русија на таа област започна мировна мисија во 1992 година, по тримесечната војна по која Приднестровје беше надвор од контрола на Молдавија, потсетува АП.

Во април тензиите во Молдавија се интензивираа по серијата експлозии во Приднестровје.

– Сите треба да разберат дека секоја акција би претставувала закана за нашата армија и, во согласност со меѓународното право, би се сметала за напад врз Руската Федерација – додаде Лавров.

Share This Article