Изјавата дојде откако украинската војска призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот регион Харков.
„Ако Западот сака да се бори за Украина на бојното поле, Русија е подготвена за тоа“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а пренесува државната агенција РИА.
Кремљ минатата недела рече дека испраќањето војници на НАТО во Украина би било потенцијално екстремно опасно и дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција. Изјавата дојде откако украинската војска призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот регион Харков.
Руските сили се обидуваат да се пробијат во тој регион, што предизвика тревога во Киев и кај западните сојузници за потенцијална голема офанзива врз градот Харков, вториот по големина во Украина, кој се наоѓа на само триесет километри од руската граница.
Непријателот моментално постигнува тактички успеси“, соопшти утрово украинскиот Генералштаб.
По освојувањето на неколку села во областа Харков, во моментов се водат борби во близина на градот Вовчанск, кој се наоѓа на само пет километри од руската граница, пишува dpa.
Украина тврди дека Русија бележи големи загуби, но дека и покрај тоа испраќа бројни сили во Вовчанск, кон кој се движат пет баталјони.
Русија веќе го окупираше Вовчанск на почетокот на војната. Се повлече по украинската офанзива во есента 2022 година. Тогаш во градот сè уште живееле околу 3,5 илјади луѓе, објави тогаш Украина.
Русија започна уште еден пробив кон регионот Харков на 10 мај. Во последните два дена освоила девет села, тврди руското Министерство за одбрана.