More

    Лавров даде свој коментар за Зеленски

    spot_img

    Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во подолго интервју за „Тајмс оф Индија“, меѓу другото, најави дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје во Украина, но и дека „специјалната воена операција“ влезе во втората фаза.

    Во него тој даде свој коментар и за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    – Многу зборува. Во зависност од тоа што пие или пуши – рече Лавров за изјавата на Зеленски дека Русија има намера да користи нуклеарно оружје.

    Тој, исто така, изјави дека структурата на територијата на Украина е сложена.

    – Неточно е да се тврди дека Украина може да биде само унитарна држава, дека ниту еден дел нема да добие специјален статус, дури и ако тоа го бара Советот за безбедност на ОН. Мислам дека тоа не е многу добро осмислено – рече Лавров.

    Тој додаде дека кризата ќе беше завршена доколку Зеленски соработуваше.

    – Доколку Зеленски го стореше тоа што го вети на својот електорат кога беше избран за претседател, доколку соработуваше и настојуваше да ги спроведе договорите од Минск, тогаш кризата во Донбас одамна ќе беше решена – рече шефот на руската дипломатија во интервјуто за „Тајмс оф Индија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img