More

    Лауреат за развој на извозот и образование на кадар за бизнисот

    spot_img

    Овогодишен лауреат за развој на извозот и за образование на кадарот за потребите на бизнисот на Стопанската комора е  сопственикот и главен извршен директор на групациите „Феро Инвест“ и „Централ Инвест“, на компаниите БРАКО, „Грин Машинс“ и РЕС, професор д-р Кочо Анѓушев, информираа од холдингот.

    Стопанската комора ја доделува оваа награда во рамките на одбележувањето на 101-та годишнина на комората, што ја прави најдолговечна бизнис асоцијација во земјата и една од најстарите во регионот.

    „Проф. д-р Кочо Анѓушев, реномиран професор на Машинскиот факултет, стопанственик и сопственик на групацијата Фероинвест и Брако, како и заменик-претседател на Комората, во своето портфолио, преку успешни деловни потези, има значајна улога во зголемувањето на извозот, но и во вклученоста во образовниот процес преку профилирање кадар за потребите на своите компании. Децениските заложби на Анѓушев за постојана модернизација и за вложување во технолошките процеси, водејќи грижа за животната средина, го даваат целосниот ефект преку остварување висока стапка на извоз. Со оглед на тоа дека во производствениот процес е детерминиран со високо напредна технологија, која, меѓу другото, главно се снабдува со зелена енергија, го прави дотолку повеќе конкурентен на меѓународните пазари, што има неспорен ефект и врз домашниот буџет”, се вели во соопштението од Комората со која се најавува наградата за Анѓушев.

    Компаниите на Анѓушев кои се во метало-преработувачката индустрија и енергетиката се лидери на македонскиот пазар. Производите на БРАКО се застапени на пазарите во над 60 земји во светот, а со портфолиото на обновливи извори во кои има мали хидро електрани, фотоволтаични електрични централи и био гасна електрана го позиционираат на лидерската позиција за производство на електрична енергија од обновливи извори и снабдување преку компанијата РЕС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img