Латино ѕвездата Џенифер Лопез(55) и големиот холивудски заводник, 69-годишниот актер Кевин Костнер се фотографирани заедно во популарниот бар „Кемо Сабе“ во Аспен, Колорадо, каде што ја поминале вечерта во опуштено друштво.
Ова е нивна прва јавна средба по разводот со партнерите. Нивното доаѓање на истото место предизвика многу шпекулации, особено што и двајцата моментално се сингл.
Лопез беше добро расположена, се смееше и уживаше во пијачка. Носеше топол џемпер, а косата и беше крената во висока пунџа. Таа во еден момент се пошегува со фотографите и им го испружи јазикот, пишува порталот „Пејџ сикс“.
Костнер исто така изгледаше опуштено додека разговараше со гостите. Носеше црна зимска јакна, фармерки и очила за сонце.
Не е познато дали Лопез и Костнер разговарале, иако е познато дека таа е голем обожавател на неговата серија „Yellowstone“. По овие фотографии многумина претпоставуваат дека пејачката и актерот се во врска, пишува „Пејџ сикс“.
Лопез и Костнер делат слична лична животна ситуација. Имено, и двајцата неодамна поминаа низ разводи. Разводот на Костнер од Кристин Баумгартнер беше финализиран по 18 години брак и сложени финансиски преговори, додека Лопез се раздели од Афлек по две години брак.