More

    Латино дивата останала без пари среде разводот од Бен Афлек?

    spot_img

    Среде гласините за развод од Бен Афлек, музичката дива Џенифер Лопез беше фатена како лета во економска класа во текот на викендот.

    Џенифер Лопез, која има проценета нето вредност од 400 милиони долари, докажа дека сè уште е „Џени од блокот“ додека леташе со економска класа од италијанскиот град Неапол до Париз, Франција, 2 часа и 20 минути оваа сабота.

    Фотографиите што ги добил „Мејлонлајн“ ја покажуваат Џеј Ло (54), облечена во тренирка, како дреме до прозорско седиште на летот на КЛМ – каде цените започнуваат од 134 евра.

    И покрај тоа што летовите на КЛМ нудат кабина во бизнис класата, музичката дива одлучила да патува во буџетскиот дел – иако изгледало дека резервирала средно место за нејзината чанта.

    Одлуката на Џеј Ло да лета со економска класа доаѓа откако таа претрпе финансиски удар со откажувањето на турнејата поради ниската продажба на билетите и поради брачните кавги со Бен Афлек.

    Откако поминала низ царината и обезбедувањето меѓу големиот број луѓе, таа патувала со својот телохранител, кој седел на седиштето покрај преминот. Таа наводно била расположена и покрај гласините за развод, како и финансиските проблеми.

    Џеј Ло завчера пристигна во Париз, каде присуствуваше на ревијата на модната куќа „Диор“, на која е прикажана колекцијата висока мода за есен/зима 2025 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img