Латино дивата Џенифер Лопез за неколку дена ќе го објави новиот албум кој можеби ѝе последен.
Џенифер Лопез на 16 февруари ќе го објави својот долгоочекуван албум, прв по 10 години, а како што објави „Ентертејнмент тунајт“, ова можеби ѝе последниот албум на латино дивата.
„Дис ис ми“ е сега името на нејзиниот проект инспириран од љубовта со Бен Афлек, а со албумот ќе биде објавен и филм.
– Навистина не знам дали некогаш ќе издадам албум по овој. Ова може да биде последно – изјавила Џеј Ло.
Многу обожаватели останаа загрижени по оваа изјава, но се свесни и за фактот дека новиот проект се чека веќе една деценија, па никогаш не се знае кога е оваа латино дива во прашање.