Палестинската милитантна организација Хезболах лансираше експлозивни беспилотни летала во воена база во северен Израел, прогласувајќи го нападот како одговор на неодамнешните израелски убиства во Либан во кои загинаа тројца борци на Хезболах.
Хезболах тврди дека нивните беспилотни летала го нападнале штабот на израелската армија во Сафед како одмазда за минатонеделното убиство на заменик-лидерот на Хамас, Салех Ал Арури во Бејрут и како одговор на вчерашното убиство на командант на Хезболах. Извор запознаен со операциите на Хезболах рече дека тоа е првпат од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас шиитската милитантна група да го нападне Сафед, кој се наоѓа на околу 14 километри од границата со Либан.
Портпаролот на израелската војска изјави дека северната база била погодена во воздушниот напад, но нема повредени или жртви. Портпаролот не прецизираше каде точно се случил инцидентот.
Повеќе од 130 борци на Хезболах се убиени во Либан за време на непријателствата со Израел, нивни најсмртоносен конфликт од војната во 2006 година. Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови од двете страни на границата, а се стравува дека конфликтот може да се интензивира и да се прошири.
Тројца борци на Хезболах се убиени денеска кога нивното возило било погодено во јужниот либански град Гандурие.
Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили нападнале цели на Хезболах во Кила, очигледно мислејќи на либанското погранично село Кфар Кила, како и одред од беспилотни летала на Хезболах на друго место во јужен Либан.
Командантот на Хезболах, Висам Тавил, убиен во понеделникот, беше командант на елитните сили на Хезболах Радван и највисокиот офицер на Хезболах убиен досега во конфликтот. Тој одигра клучна улога во водењето на операциите на Хезболах на југот.
Заменик-претседателот на Хезболах, Наим Касем, во вторникот рече дека неговата група не сака да ја прошири војната надвор од Либан.
-Но ако Израел ја прошири војната, одговорот е неизбежен до максималниот степен, неопходен за да се одврати Израел – изјави Касем.