Само 2,75% од потребите за електрична енергија е обезбедена од увоз изминатата година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2023 година што Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) го достави до Собранието.
-По 32 години независна република, конечно можеме да соопштиме дека сме на праг до енергетски независна држава кога е во прашање електричната енергија. Податоците покажуваат дека елдорадото на инвестиции во фотонапонски централи, каде што има пораст во инсталираниот капацитет за 251% во споредба со 2022 година, го стопи увозот од 30% на 2,75 %. Овој успех има сеопфатно влијание, како кон енергетска транзиција, така и кон финансиските текови преку намалувањето на дефицитот – изјави посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Во 2023 година се регистрира раст на извоз на нафтените деривати при што кај бензините има забележителен раст на извезените количества за 139,53% во однос на 2022 година, кај млазното гориво извозот е зголемен за 38,41% и кај дизел горивата извозот има раст од 2,31%, што е потврда дека во земјава има горива со најниска цена.
Останува високо нивото на неприходуваната вода од 62,29%, процент поради кој РКЕ инсистира да и се даде во целост надлежноста за регулирање на крајната цена на вода.