Лани од јануари до декември е забележан пораст од 1,6% на бројот на работници во индустријата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци само во декември лани бројот на работници се зголемил за 3,8 отсто.
Во периодот јануари–декември лани во рударството бројот на работници се намалил за 1,4 отсто, во преработувачката индустрија има пораст од 2,1 отсто, а во енергетскиот сектор намалувањето на бројот на работници е за 4,3%.
Најголем пораст на бројот на вработени лани од јануари до декември од 17,3% имало во производство на моторни возила, приколки и полуприколки, потоа во производството на текстил од 5,5%, фармацевтската индустрија од 5,1% и во делот на рудниците за метали од 2,1%.
Декемвриските податоци, пак, покажуваат дека бројот на работниците во рударството се зголемил за 6,3 %, во преработувачка индустрија растот е од 2,1 %, но во о секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има опаѓање од 1,8 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година, во односна декември 2022 година, бележи пораст кај „енергија“ за 3,7 % и „капитални производи“ за 18,7 %, додека опаѓање бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија за 3,6 %, и кај „трајни производи за широка потрошувачка за 4.0 % и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 %.