ЛАНИ НАЈЧЕСТО СЕ УМИРАЛО ВО ЈАНУАРИ Починале 22 459 лица од кои 58 бебиња

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројот на умрените лица во земјава во 2022 година изнесува 22 459 и е намален за 21,2 % во однос на претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупно умрените лица, поголем број се од машки пол, и тоа 11 868 или 52,8 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0,3 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи има вo јануари, 2022. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,5 година, односно 75,8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4,3 години се бележи кај жените.

Најчеста причина за смрт биле болести на циркулаторниот систем 41,3 %, потоа неоплазмите со 17 %, кај 6,8 % причина за смртта е вирусот ковид-19, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести се застапени со 6,7 %, а болестите на респираторниот систем со 4,5 %.

Share This Article