More

    Лани на 14 септември министерката за енергетика Сања Божиновска побарала отпуст од бугарско државјанство

    spot_img

    Лани на 14 септември министерката за енергетика Сања Божиновска побарала отпуст од бугарско државјанство, стои во документот што МКД.мк го доби од нејзиниот кабинет.

    Според вообичаените процедури Mинистерството за правда, дирекција за бугарско државјанство, преку Советот за гражданство (државјанство), отпустот се одобрува по автоматизам.

    На петочната конференција за медиуми министерката Божиновска беше прашана за тоа до каде е процедурата за откажување од нејзиното бугарско државјанство. Ќе се консултирам со адвокат, кусо одговори министерката. Таа рече дека поседува само македонско и чешко државјанство.

    – Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија – одговори Божиновска во јуни годинава.

    Бугарската агенција БГНЕС, по конференцијата за медиуми на Божиновска, објави дека, според нивни анонимни извори во Министерството за правда, на Божиновска не ѝ е издаден указ за ослободување од бугарското државјанство.

    Божиновска неколкупати изјавуваше дека поднела барање за откажување од државјанството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img