Дисциплинската комисија на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) отвори постапка против менаџерот на Евертон, Френк Лампард поради недолично однесување по поразот во градското дерби против Ливерпул.
Евертон загуби од Ливерпул со 0-2 во „дербито на Мерсисајд“, а Лампард по натпреварот го критикуваше судијата Стјуарт Атвел откако не досуди пенал за својот тим.
„Коментарите на менаџерот се несоодветно однесување бидејќи имплицираат пристрасност и/или го напаѓаат интегритетот на судијата на натпреварот и/или ја омаловажуваат играта во спротивност со правилата на ФА“, се вели во соопштението.
Лампард, чиј тим е во зоната за испаѓање, треба да одговори до 9 мај.
Евертон моментално е на 18. место со 32 бода, два помалку од спасот. На последните две позиции се Ватфорд со 22 и Норвич Сити со 21 бод.