Ламбе Алабаковски открива зошто се вратил од Америка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Некогашната тинејџерска ѕвезда Ламбе Алабаковски денес е татко на два сина и сопруг на Магдалена. По седум години живеење во Детроит, тој со семејството се врати во Македонија.

– Ние сме од ретките што се вратиле. И порано ќе си дојдевме да не беше пандемијата. Во Детроит работев сешто, бев обезбедување на аеродром, возев „убер“, но јас и тука искрено би работел сè. Најголемата причина поради која се вративме беше тоа што не можев да се помирам децата да учат на туѓ, а не на својот мајчин јазик – открива Ламбе во интервју за „Репортер”.

Лани како бомба одекна веста дека Ламбе го запалил бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

– Спонтано и трезвено го направив тоа, но ете, иако сум мирен и не сум насилен човек, и кај мене излегоа тие родољубиви чувства оти сметам дека на тој клуб местото не му беше таму. Никој не знаеше за ова, ни сопругата, па дури и кога ги прегледуваа камерите, не им се веруваше дека сум јас – вели Ламбе.

За деновите минати во затвор, приказната ја сврте на шега, иако вели дека во самица најмногу размислуваш за тоа што си направил и колку ти недостасува семејството.

Ламбе ѝ се врати на музиката и планира голем концерт. Има своја градина во Битола, која ја средува, а откри и дека е голем домаќин и сака да готви.

Share This Article