Лајпциг го претстави македонскиот репрезентативец

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот фудбалски прволигаш Лајпциг денес го претстави македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како ново засилување во своите редови од кој се очекува полн придонес во наредниот период.

„Добредојде Елиф Елмас“ -му посакаа на Елмас од Лајпциг.

Елмас со германскиот бундеслигаш потпиша долгорочен договор до 2028 година. Тој во Лајпциг ќе го носи дресот со број 6.

Можеби ќе ве интересира

 

„Со обезбедувањето на потписот на Елиф Елмас, успеавме да пополниме важна позиција во нашиот напад по заминувањето на Емил Форсберг. Го следевме некое време бидејќи тој е интересен играч. Сметаме дека совршено ќе се адаптира на тимот и ќе може веднаш да му помогне со својот квалитет. Техничката способност на Елиф е неверојатна. Може да игра по средината, но е подеднакво успешен на крилните позиции“  објави Лајпциг.

Елмас доаѓа во Лајпциг од Наполи. Дваесет и четиригодишниот фудбалер ќе ќе му се приклучи на германскиот тим на 2 јануари во Шпанија во тренинг кампот во „Ла Магна“.

Share This Article