More

    Лајен објави дека новиот пакет санкции на ЕУ против Русија ќе содржи трговски забрани и санкции за иранските ентитети кои соработуваат со руската армија

    spot_img

    Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави дека новиот пакет санкции на ЕУ против Русија ќе содржи трговски забрани и санкции за иранските ентитети кои соработуваат со руската армија. Фон дер Лајен зборуваше на дебатата по повод првата годишнина од војната на Русија во Украина на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

    – Ние предлагаме 10-ти пакет мерки со нови трговски забрани и контрола на извозот на технологија во Русија – рече фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ.

    Таа објасни дека новите санкции ќе ги намалат приходите од околу 11 милијарди евра „за да ја ослабат способноста на Русија да ја одржува својата воена машина“.

    Извршното тело на ЕУ предлага „меѓу другото извозни ограничувања на повеќе електронски компоненти што се користат во руските вооружени системи, како што се беспилотни летала, проектили, хеликоптери“, тврди фон дер Лајен. Таа рече дека новите рестриктивни мерки ќе ги погодат и „иранските субјекти, вклучително и оние поврзани со Иранската револуционерна гарда“ поради нивното „снабдување со беспилотни летала и трансфер на знаење за изградба на производствени локации во Русија“.

    Амбасадорите на ЕУ ќе разговараат за деталите денеска попладне, бидејќи пакетот санкции допрва треба да биде усвоен од земјите-членки на ЕУ.

    Во својот говор во Европскиот парламент, фон дер Лајен, исто така, го нарече „тежок неуспех“ обидот на Русија да ја уценува Европа користејќи ја енергијата и посочи дека „Кремљ мора да ги продаде резервите на злато за да ги покрие празнините што ги остави недостигот на приходите од нафта“. Таа ги пофали Украинците кои се борат во војната и за реформите во надеж дека ќе влезат во ЕУ.

    Таа изрази надеж дека „еден ден претставниците на украинскиот народ ќе имаат свое место“ во Европскиот парламент. Оваа земја разорена од војна доби статус на кандидат за ЕУ во јуни минатата година.

    Од почетокот на руската војна против Украина на 24 февруари 2022 година, ЕУ и нејзините земји-членки обезбедија 50 милијарди евра директна поддршка за Украина, вклучително и повеќе од 12 милијарди евра воена помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img