Османи вели дека кога ќе го видиме текстот на уставните измени ќе паднат во вода сите пропаганди

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во рамки на посетата на Њујорк, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи одржа онлајн брифинг со новинари на кој ја презентираше неговата агенда во САД, а зборуваше и за уставните измени.

Османи рече дека Министерството за надворешни работи е вклучено во процесот на подготовка на текстот на уставните измени преку свој претставник во работната група, а тој лично во барањето на поддршка за тој процес од страна на пријателите на Северна Македонија од меѓународната сцена.

– Сценариото за одвивање на овој процес е утврдено согласно преговарачката рамка, но ја знаете изреката „Ѓаволот е во деталите“. Сакаме да ги имаме предвид размислувањата на сите земји-членки, размислувањето на Република Бугарија и динамиката на процесот за да ги имаме пред нас сите комбинаторики. Нема отстапување од тоа што е зацртано во преговарачката рамка, односно со комплетирањето на уставните измени да се отвори првото поглавје – рече Османи на одговор на новинарско прашање во однос на процесот на уставните измени.

Формулирањето на текстот на уставните измени е во тек како активност на работната група, потоа следи јавната дебата во која ќе бидат вклучени сите општествени чинители и тоа ќе биде најсуштинскиот дел од дебатата, рече Османи.

– Кога граѓаните ќе ги прочитаат амандманите ќе сфатат дека сè претходно на што бевме сведоци било дел од една партиско-политичка пропаганда и обид да се влее страв кај граѓаните, да се поларизира општеството, да се ловат политички поени и мислам дека ќе бидат деконструирани сите тие обиди – потенцираше Османи.

Во однос на ставот на опозицијата, која не дава поддршка на процесот на уставните измени, Османи повтори дека самиот процес ќе покаже дека конструкциите на опозицијата се само партиско калкулантсво на сметка на иднината на државата.

– Процесот на јавна дебата ќе биде отворен и транспарентен. Секој граѓанин ќе има можност да ги каже своите ставови, вклучително и пратениците, и од власта и од опозицијата. Кога вистината ќе излезе на виделина, а тоа ќе биде кога ќе биде подготвен текстот на уставните амандмани, ќе паднат во вода сите конструкции на опозицијата. Доколку тие и понатаму го кочат процесот ќе треба тие да им дадат одговор на граѓаните зошто ставаат пречка на напредокот на државата – рече Османи.

Share This Article