More

    Квалитетното здравство е инвестиција во човечкиот капитал

    spot_img

    Во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), денеска во Скопје се одржа конференцијата за здравство насловена „Подобрување на пристапот до лекови за сите“, на која учествуваа видни домашни и меѓународни експерти од различни области на здравствената заштита и менаџирањето на здравствените системи.

    Драган Давитков, претседател на Одборот на директори на АмЧам, во своето воведно обраќање посочи дека главната мисија на оваа конференција е да се отвори транспарентна и инклузивна дебата околу процесот на проширување на позитивната листа на лекови, со цел и македонските граѓани да добијат пристап до лекови кој не отскокнува од европскиот просек. Тој повика за приоретизација на здравствената агенда и неопходните промени кои треба да овозможат одржлив и квалитетен здравствен систем.

    На настанот свои поздравни обраќања имаа и заменик-министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски, како и првата дама на Република Северна Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска.

    Главниот говорник на конференцијата, проф. д-р Рифат Атун од Универзитетот Харвард во САД, одржа презентација за влијанието на различните демографски, епидемиолошки, политички, економски, социо-културни и технолошки фактори кои доведуваат до криза во светските здравствени системи. Тој понуди решение во форма на теоретски модел од пет чекори за трансформација на здравствениот систем, кој се состои од: промена во институционалната логика, инклузивни партнерства, интегрирано дејствување, инвестиции во здравството и поголем пристап до иновациите. Според професорот Атун, финансирањето на здравството не е трошок, туку инвестиција во човечкиот капитал – резултирајќи со мерливи придобивки и поголема економска оправданост од многу други сектори.


    Главен говорник на конференцијата беше проф. д-р Рифат Атун од Универзитетот Харвард во САД

    Д-р Славејко Џамбазов, меѓународен експерт и консултант за здравствени политики и технологија, се осврна кон важноста на практиките за проценка на здравствени технологии во унапредување на ефективноста на системите за здравствена заштита. Според него, проценката на здравствените технологии нуди можност за подобра контрола и предвидување на здравствените буџети, промовира ефективни решенија и транспарентност, а нуди и подобра основа за преговарање за цената на лековите и третманите.


    Д-р Славејко Џамбазов, меѓународен експерт и консултант за здравствени политики и технологија

    Поранешниот директор на Националниот фонд за здравствено осигурување на Република Хрватска, д-р Тихомир Стризреп, зборуваше за одржливо финансирање на здравствениот систем, преку надминување на тендерскиот пристап на јавни набавки, нудејќи методологија заснована врз повеќе критериуми.

    Д-р Золтан Кало од Универзитетот Семелвајс во Будимпешта ја нагласи важноста за употреба на податоци од секојдневната медицинска практика во реалниот свет, сѐ со цел ефективна локална адаптација на глобалните теориски системи за изградба на здравствен систем кој ќе има реална вредност за корисниците.

    Да се прошири позитивната листа на лекови 

    Заменик-министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски, повика на комплетна реформа во финансирањето на здравствениот систем со цел граѓаните да добијат европска услуга. Тој објасни дека одржливото финансирање на здравствениот систем е неопходен предуслов за унапредување на пристапот до лекови. Рендевски исто така ја отвори темата за пропишување на соодветни медицински критериуми и стандарди за оптимално користење на новите иновативни лекови.

    Според Драган Давитковпретседател на Бордот на директори на АмЧам, денешната конференција е круна на исклучителните активности на Комитетот за здравство при АмЧам како релевантен глас на бизнис заедницата со стратегиска определба за унапредување на здравствениот систем на земјава. Давитков посочи дека подобрувањето на здравствениот систем исто така треба да биде приоритет на секоја владина агенда, а главната цел на оваа конференција е да се отвори транспарентна дебата за процесот на проширување и утврдување на позитивна листа на лекови усогласена со стандардите на Европската Унија, затоа што пристапот до лекови и здравствена заштита е основно право на секој човек.


    Драган Давитковпретседател на Бордот на директори на АмЧам

    Кон ваквиот заклучок се надоврза и првата дама на Република Северна Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, која истакна дека смислата за постоењето на здравствениот систем е грижата за здравјето на луѓето како основно човеково право.

    Таа објасни дека драматичниот напредок на медицината и на фармацијата со развојот на нови генерации иновативни лекови во денешно време, го овозможуваат третирањето на болести за кои претходно тоа било незамисливо. Меѓутоа, граѓаните сѐ уште се соочуваат со недоволна достапност на овие лекови, а оние кои се достапни се прескапи – со негативните последици од што најтешко се соочуваат ранливите категории граѓани.

    Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска

    Проф. Ѓоргиевска уште еднаш повтори дека правото на здравствена заштита е уставно загарантирано за секој граѓанин и дека државата мора да се стреми да овозможи непречен пристап до неопходните лекови за секој пациент подеднакво. Таа ја поздрави денешната конференција како позитивен чекор во насока на подобрување на здравствениот систем, со цел овозможување еднаков пристап до најновите и најефективните лекови за сите кои имаат потреба од нив.

    АмЧам претставува 138 фирми од Македонија

    На настанот се одржаа и четири панели кои обработија неколку исклучително значајни теми како „Одржливо финансирање во здравството како предуслов за подобар пристап до лекови“, „Како да се отклучи процесот со позитивната листа на лекови?“, „Здравствена заштита заснована на вредност и потреба од реални податоци“ и „Хармонизацијата со ЕУ во областите на лекови и јавните набавки“.

    Конференцијата „Подобрување на пристапот до лекови за сите“ е прва конференција за здравство на Американската стопанска комора во Северна Македонија, иницирана од компаниите кои членуваат во Комитетот за здравствена заштита при АмЧам. Оваа комора претставува 138 компании со различна големина, од речиси сите економски сектори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img