More

    Курти тврди дека Уставот на Косово нема да биде скршен

    spot_img

    Заедница на српски општини(ЗСО) на Косово ќе има само на ниво на самоуправа, a не на ниво на автономија, смета косовскиот премиер Албин Курти, според кого во членот 7 од договорот постигнат во Охрид се зборува за служби, а не за структури, пренесува Н1.

    – Ниво на самоуправување, без загрозување на уставниот поредок на Косово – истакнува Курти и посочи дека има неколку предлози, но, како што тврди, другата страна се заканила со прекин на разговорите.

    Исто така, Курти напомена дека во членот 10 од европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, се вели дека двете страни потврдуваат дека мора да се применат сите досегашни договори.

    – Затоа, има 39 договори кои мора да се спроведат – рече Курти.

    Иако договорот меѓу Србија и Косово во Охрид не беше потпишан, високи функциониери од ЕУ изјавија дека ќе го сметаат за потпишан и ќе ја бараат неговата имплементација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img