Косовскиот премиер Аљбин Курти оцени дека од петте членки на Европската унија (ЕУ) кои не ја признаваат независноста на Косово, Грција е најблиску до промена на својата одлука, објави приштинскиот портал Reporteri.net.
Курти во интервју за полската ТВ П свет нагласи дека Косово во последните години постигна дипломатски напредок во комуникацијата и соработката со странците, особено со Грција, која е блиску до признавање на независноста на Косово.
Желбата на Косово за влез во ЕУ не е мотивирана само од сопствените интереси, туку затоа што земјата би сакала да придонесе за Унијата, која е најважниот политички мировен проект од Втората светска војна, цитира приштинскиот портал Курти.