Курти: Се е во режија на екстремистите на Вучиќ, тоа се показатели

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Косовскиот премиер Албин Курти вчера се сретна со амбасадорите на земјите од Квинте и шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, со кои разговараше за настаните на северот на Косово, по насилната акција на демонстрантите против косовската полиција, КФОР и членови на медиумите.

Како што соопштија од Владата, Курти оценил дека, иако вчера имало мирни демонстранти, тоа не бил мирен протест, туку „куп екстремисти под диригентство на официјален Белград“.

„Српските националистички, шовинистички и про-Кремљ графити со маскирани екстремисти кои целат, вандализираат и напаѓаат сè што не е српско се главниот показател за мотивот за насилни дејствија, кои секој треба најостро да ги осуди“, рече Курти.

Информирајќи ги за ситуацијата на северот и настаните таму, косовскиот премиер ја истакна важноста и потребата од деескалација на ситуацијата, а изрази и подготвеност да работи со земјите од Квинтетот кон таа цел.

Тие се договорија да останат во блиска комуникација во следните неколку дена.

Share This Article