Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека треба што поскоро да се укинат казнените мерки на Европската унија против Косово, пренесува Лајми.
Како што наведе, поради постигнатиот економски и демократски напредок, Косово треба да добие признание од ЕУ и тоа со откажување на мерките.
„Постои договор меѓу вицепремиерот Бесник Бисљими и европскиот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак и тоа треба да стане став на ЕУ. Сметаме дека Косово со својот економски и демократски напредок треба да добие признание од ЕУ со укинување на казнените мерки и колку побрзо тоа се случи, толку подобро за сите“, рече Курти.
Европската унија на 1 јули објави дека стапиле на сила казнените мерки воведени во Косово, а како што тогаш се наведува, работата на телата на ССА и програмата на фондовите ИПА е суспендирана, пренесува Косово онлајн.