Според нашите извори во неговиот автомобил марка Ренџ Ровер било откриено големо количество на петарди.
Според истите извори Ахмети на припадниците на ЕСЗ Тигар им кажал дека поседувал фабрика за експлозиви.
Курир побара одговори и од МВР, но до овој момент немаме одговор од нивна страна.
Инаку, Дрин Ахмети е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а од неодамна и косопственик на трговскиот центар „Соравија“.
Извор: kurir.mk