More

    Курдските милитанти привремено ги прекинуваат операциите во Туркије поради големиот земјотрес во земјата и во соседна Сирија

    spot_img

    Курдските милитанти привремено ги прекинуваат операциите во Туркије поради големиот земјотрес во земјата и во соседна Сирија, изјави лидер на ПКК.

    – Ги запираме операциите во Турција, во градовите. Решивме да не спроведуваме никаква операција се додека турската држава не нè напаѓа. Земјотресот предизвика огромна катастрофа. Илјадници наши луѓе се под урнатините. Секој мора да се мобилизира – рече водачот Џемил Бајик цитиран од АНФ, новинска агенција блиска до Курдистанската работничка партија.

    ПКК води повеќедецениски бунт против турската држава во кој загинаа десетици илјади цивили и безбедносни лица.

    Во декември лани бомба погоди оклопно полициско комбе во југоисточна Туркије, при што беа повредени деветмина. Еден месец подоцна, во бомбашки напад во Истанбул загинаа шест лица за кои Анкара ја обвини ПКК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img