More

    Купување нов автомобил? Во оваа држава ти даваат 5000 евра, но со два услова

    spot_img

    Австриското Министерство за заштита на климата, животна средина, енергија и мобилност ја продолжи промотивната кампања во која државата го субвенционира секој граѓанин кој сака да купи нов автомобил со 5.000 евра, но со два услова, тоа е електричен автомобил кој не е повеќе скапо од 60.000 евра.

    За субвенционирање на електрични возила годинава беа обезбедени 95 милиони евра. Предвидени се и субвенции за финансирање на приватна инфраструктура за полнење електрични автомобили, со 600 евра за т.н. ѕидни кутии, а со 1.800 евра за инфраструктурни системи во станбени згради со повеќе станови.

    Полнените пумпи за компаниите и претпријатијата ќе ги финансира државата со сума до 30.000 евра, пишува магазинот Феникс.

    Се менуваат субвенциите за plug-in хибридите, а според новиот модел, таков автомобил мора да помине најмалку 60 километри исклучиво на струја, додека досега лимитот беше 50 километри. Ова е услов за добивање субвенција од 2.500 евра за plug-in хибрид. Се субвенционира и купување на е-мотор до износ од 1.900 евра.

    Што се однесува до станиците за е-полнење со електрична енергија, создадена е нова, посебна шема за региони каде што сè уште има релативно малку такви. Одлучено е кон средината на оваа година да се изгради потребната инфраструктура за вакви региони, за што од Фондот ќе бидат издвоени 10 милиони евра.

    „Иднината на нашите улици е електрична. Главниот лост за подобра заштита на климата лежи токму во транспортот“, посочи австриската министерка за заштита на климата, животна средина и енергија, од Партијата на зелените, Леоноре Гевеслер.

    „Со е-мобилноста, значително го забрзуваме преминот од фосилни горива кон обновливи извори на енергија, што дополнително не ослободува од нашата зависност од Русија“, истакна Гевеслер.

    Во врска со транзицијата кон е-мобилност, австриската влада си постави посебна цел оваа година да ги субвенционира компаниите со цел да ги заменат нивните возни паркови со е-автомобили. А тоа вклучува специјални возила, од е-автобуси, комбиња и камиони до други тешки возила. Министерството за заштита на климата, животна средина и енергетика најави и бројни поволности за компаниите кои се одлучуваат за е-мобилност. Од ослободување од плаќање на одредени давачки и одбивање на влезен данок, до ослободување од плаќање на стандарден данок на потрошувачка (NoVA), и данок на осигурување на возила.

    Сите заинтересирани за субвенции можат да го поднесат своето барање најдоцна до 31 март 2024 година. Така, тие имаат уште повеќе од една година да одлучат за нивниот влез во новиот свет на е-мобилност, пишуваат медиумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img