More

    Кумот Гоце ја набавил снимката од бензинската во Велес на која се гледа возилото на Панче

    spot_img

    Првиот впечаток за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на полицајците им бил дека е чуден и конфузен во изјавите.

    Ова го истакна Музафер Каришиќ, кој во времето на убиството бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи, на денешното рочиште за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Тој го имал првиот контакт со родителите на девојчето, кога таа исчезнала.

    – Од моментот кога имаше пријава за исчезнато девојче јас бев информиран од началникот на СВР Скопје, имав ингеренции да ги координирам службите. Веднаш контактирав со надлежната станица во која е пријавено исчезнувањето. Од таму ме информираа дека се преземени сите мерки и дејствија по пријавата. Постапката за исчезнато лице се пријавува на подрачното место каде што лицето е исчезнато. Доцна вечерта се вклучивме и ние како старешини, бидејќи се појавуваа написи дека девојчето е киднапирано. Првата средба со родителите на Вања беше на денот на пријавувањето во вечерните часови. Тогаш ние директно се вклучивме во работата, отидовме да видиме што е сработено и што да се преземе. Тогаш за прв пат ги видовме родителите. Мајката беше посталожена. Првиот впечаток за таткото беше чуден за мене, но и за колегите. После разговорот анализиравме дека тој беше конфузен, потиштен во многу изјави и за многу работи кои ние го прашувавме. Девојчето не било скарано со родителите. Сите полициски службеници, сите униформирани полицајци, сите старешини беа вклучени во дејствија за пребарување – изјави Каришиќ.

    Музафер Каришиќ како сведок беше предложен од Обвинителството.

    – Како што почнаа разговорите родителите и семејството пред Полициската станица „Беко“ се бараше да се изврши пребарување на терен. Сите полициски униформирани службеници и цел старешински кадар беше вклучен во овие дејствија. Пробавме да преземеме конкретни дејствија, да не губиме време. Роднина од мајката Зорица се понуди заедно да го работиме овој случај. Се договоривме со роднината на Зорица, Зоран да дојде со нас и да ни помогне во пребарувањето. Мајката во канцеларија рече дека има стан во Капиштец ама немаше клучеви. Александар имаше, јас побарав да одам во станот. Тогаш Александар бараше да се бара девојчето. Александар се качи во кола, јас бев напред, влеговме во подрум во гаража, се качивме со лифт. Станот го отвори Александар, беше празен. Цело време велеше дека е убиена и киднапирана, дека си го губиме времето. Кажаа дека дел од Капиштец не е поминат и дека со роднината на Зорица ќе го поминеме Капиштец, има скривници, голем парк, тргнавме ама по пат цело време велеше дека џабе одиме, џабе бараме, ама ајде ќе одиме. Тој остана во кола, запали цигара не излезе со нас. Јас и роднината свртевме цел парк и скривници и се запрашавме зошто не излегува од возилото. Не ми беше јасно – рече Каришиќ.

    Тој додаде дека таткото Александар велел дека немале закани, немале непријатели, не се должни никому.

    – Во наредните денови Александар ми се јавуваше, ми пушташе пораки, одредени слики, беше упорен дека Вања е киднапирана и убиена. По некое време се појави Гоце, прв пат го видов, 10 минути разговаравме, мислев Александар има нешто ново да ми каже, но истото го зборуваше „дајте да најдеме канали, да контактираме мафијаши, дали бараат откуп, сигурно е убиена“. Прашав кој е Гоце, ми рече „стар пријател, старо кумство, 20 години се немаме видено, но сега ми помага гледавме една снимка од некој што стоеше кај зградата и гледаше видов дека лицето стои спроти влезот“. Влезот можеше да го фати камера од една куќа, но кабелот од таа камера беше исечен. Гоце набави снимка од бензинска пумпа од Велес, каде се гледаше возилото на Панче. Јас во тој момент сѐ уште не знаев дека тоа е возилото. Тој гоце рече дека ја набавил снимката од пријател што работи на бензинската – рече Каришиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img