ОБСЕ, Организацијата за безбедност и соработка во Европа е пред избор, таа или ќе доживее бавна смрт ако Русија остане членка или нов живот без неа, смета украинскиот шеф на дипломатијата Дмитро Кулеба. На средба со македонскиот колега Бујар Османи во Киев, Кулеба порача дека „сè што прави Русија во ОБСЕ денес ја убива организацијата“.
Бујар Османи одговори дека и покрај предизвиците ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува Украина на нејзиниот пат кон обнова на земјата и дека Украина ќе стане приоритет за ОБСЕ, пренесува украински „Интерфакс“.Можеби ќе ве интересира
– Како Претседавач со ОБСЕ, продолжив да ја повикувам Русија да ја прекине оваа војна, да ги повлече своите трупи од Украина, повторно да се посвети на принципите и вредностите на ОБСЕ – изјави Османи, додавајќи дека „ОБСЕ може да направи многу во време на војна, но уште повеќе во време на мир, што е клучен приоритет во Украина“.
Османи нагласи дека ОБСЕ ѝ помага да ја оствари Програмата за поддршка преку проекти финансирани од донатори. Програмата за поддршка започна лани во ноември. На средбата станало збор и за состојбата на тројцата припадници на ОБСЕ кои се во затвор во Доњецк и во Луганск.
Организацијата ОБСЕ е основана за време на Студената војна за да ги намали тензиите меѓу Истокот и Западот и им помага на своите членови да се координираат за прашања како човековите права и контролата на оружјето.
фото: МИА