Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска имаше обраќање на Генералното собрание на ОН од кое повика на „брзи, конкретни и решителни“ потези за украинската криза.
Кулеба кажа дека се наоѓаме „во критичен момент од светската историја и дека денешните акции на светот ќе го дефинираат тоа што следува во следните децении“.
– Не смееме да ги повторуваме грешките што нѐ доведоа до светски војни – рече Кулеба, апелирајќи до земјите да не ги повторуваат грешките од минатото.
„Обвинувањето на Русија дека Украина ја ескалира ситуацијата е апсурдно“, додаде Кулеба.
– Изјавите на Русија се нечуени и ужасни, тие ги надминуваат заканите за Украина – додаде Кулеба, мислејќи на говорот на Путин во кој тој рече дека Украина нема право да постои.
– Секој што мисли дека претерувам треба само да го погледне овој ужасен говор на Путин – рече украинскиот министер за надворешни работи.