More

    Кулеба ќе му предложи на претседателот Зеленски ,Киев да ги прекине дипломатските односи со Техеран поради иранските испораки оружје за Русија

    spot_img

    Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави денеска дека ќе му предложи на претседателот Володимир Зеленски Киев да ги прекине дипломатските односи со Техеран поради иранските испораки оружје за Русија.

    Кулеба пред медиумите рече дека Техеран сноси целосна одговорност за уништувањата во Украина, додавајќи и дека Киев ќе испрати официјална нота до Израел со барање итна испорака оружје за украинската противвоздушна одбрана и за соработка во тој сектор.

    Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, минатиот месец изјави дека Техеран не поддржува ниту една од страните во конфликтот во Украина и оти е против испораки странско оружје и за Киев и за Москва.

    Белата куќа вчера го обвини Иран за лажни тврдења кога вели дека Русија не користи ирански беспилотни летала за да ја нападне Украина.

    Изминатите седмици властите во Киев пријавија повеќе руски напади извршени со беспилотни летала произведени од Иран, додека Техеран негира дека испорачува дронови за Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска изјави дека Русија во акциите користи дронови од домашно производство, а дали се купени ирански беспилотни летала рече дека прашањето треба да биде упатено до Министерството за одбрана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img