Животните често знаат да привлечат внимание со влегување на спортските терени, но едно куче, како што вели жаргонот, „ја сврте играта“.
Почетокот на второто полувреме на натпреварот од првата лига на Парагвај помеѓу Сол де Америка и Гуарани беше одложен поради необична причина. Имено, едно куче истрчало во полето.
Немаше да биде толку необично ако кучето не решило да дреме на теренот.
Поради ова малку задоцни почетокот на вториот дел, а судијата не сакаше да го започне продолжението додека кучето не се разбуди и беше отстрането од теренот.
За среќа, сонот не траеше долго, а видеото стана хит на интернет.
Сол Америка на крајот победи со голот 1:0 на напаѓачот Кристијан Дума од пенал во 76. минута.